Црна хроника
Хероин запленет на Граничниот премин „Богородица“
Вкупно 1.300 грама хероин со вредност од околу 100.000 евра во саботата е откриен и запленет на Граничниот премин „Богородица“ при проверка на патнички автобус што сообраќал од Инстанбул кон Скопје.
По претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин, во саботата околу 05:45 часот, на ГП „Богородица“ на влез во Македонија, од страна на полициски службеници и службеници од царинска управа, извршен е претрес на патници во автобус на Туристичката агенција „Јадран“ кој се обраќал на релација Истанбул-Скопје, при што кај А.М. (25) од Куманово, во пределот на половината под појасот се пронајдени три полиетиленски пакувања светло сина боја облепени со кафена селотејп трака.
Истите се предадени за вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР, при што е утврдено дека се работи за наркотична дрога – хероин, со висок квалитет, со вкупна тежина од 1,3 килограми. Истиот на нарко пазарот, при продажба на мало, би достигнал цена до 100.000 евра. Од спроведената истрага на Оделот за недозволена трговија со дрога утврдено е дека организатор на транспортот е македонски државјанин А. Д. од с. Арачиново, кој исто така е приведен.
Полицијата поднесе кривична пријава против двајцата осомничени поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На осомничените им е одредена мерка притвор од 30 дена. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.