Црна хроника
Тројца повредени во две сообраќајки кај Желино
Гостиварец, неговиот син и полицаец се повредени во две сообраќајни несреќи што поради лизгавиот коловоз се случиле на наплатната рампа Желино на автопатот Скопје – Тетово.
Прво, дошло до судир на „Рено Лагуна“ управувано од 53-годишен гостиварец и „Форд Ескорт“. Набрзо дошла полициска патрола и додека траел увидот во „Реното“ удрил друг автомобил управуван од скопјанка, при што биле повредени гостиварецот, неговиот син и полицаецот што го вршел увидот.
На тројцата повредени им била укажана медицинска помош и им биле констатирани полесни повреди. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.