Црна хроника
Ги претепале за да им кажат каде им е другарот
Неколкумина охриѓани, познати локални силеџии, претепале свои сограѓани за да им кажат каде им е другарот, соопшти полицијата
СВР Охрид поднесла кривична пријава против А.Ф.(31), А.И.(36) А.Н.(32) и Н.Д.(29) сите од Охрид. поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „насилство“.
Истражен судија, на А.Ф. и Н.Д. им одреди мерка притвор од 48 часа, додека на А.И. и А.Н. мерката им е одредена во отсуство, а СВР Охрид презема мерки за нивно пронаоѓање.
Имено пред два дена околу 2 часот, тројцата првопријавени физички го нападнале А.Н. и неговите другари А.Р. и Д.П. сите од Охрид, кои се наоѓале во патничко моторно возило „Голф“ паркирано на улицата „Марко Цепенков“.
Второпријавениот се качил на хаубата од возилото и со нога го скршил ветробранското стакло.
Потоа, првопријавениот упатувајќи им закани им рекол на А.Н. и А.Р. да влезат во неговото возило марка „БМВ“ и да кажат каде се наоѓа нивниот другар А.Г.
Откако го добиле одговорот, пријавените се упатиле кај поранешниот хотел „Парк“ и таму физички го нападнале А.Г. од Охрид, грубо и насилнички удирајќи го по целото тело се до бессознание.
Потоа им наредиле да го подигнат нивниот другар и да го сместат во возилото „БМВ“ по што заедно дошле до Охрид.
Пред да избегаат, пријавените им се заканиле и побарале да не кажуваат ништо во полиција.
Инаку, пријавените се лица добро познати на службата против кои и досега биле поднесувани кривични пријави./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.