Црна хроника
Уапсено и второто лице осомничено за пукање кон клучниот сведок во „Детонатор“
Полицијата во среда го уапси Александар Василевски, познат под прекарот Нинџа, осомничен дека пред две недели пукал во Драганчо Стоименов, клучниот сведок во случајот „Детонатор“.
На почетокот на месецот беше приведен дваесет и деветгодишен скопјанец, исто осомничен дека пукал кон Стоименов.
И двајцата уапсени и се претходно познати на полицијата, биле пријавувани во тепачки насилства.
Во неделата вечерта на 2 декември две лица пукаа кон Стоименов на паркингот пред зградата каде што живее во скопски Аеродром. Ова е четврт обид за убиство на Стоименов, откако двапати во близина на неговиот автомобил беше поставена експлозивна направа, а третиот пат еден од обвинетите во „Детонатор“ му вперил пушка
Во судскиот процес „Детонатор“ им се суди на вкупно 16 лица од Виница, Кочани и Штип, двајца од обвинетите се во бегство.
Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама.
Оштетениот Драганчо Стоименов, пред судот тврдеше дека имал сознанија дека бил прв на црната листа за ликвидација, што ја имале обвинетите. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.