Црна хроника
Украле расипан автомобил
Полицијата поднесе кривична пријава против четворица жители на селото Грчец за разбојничка кражба, односно помагање, откако на 1-ви декември од двор во селото Љубин украле БМВ 520 што не бил во возна состојба.
Осомничените П.Ј.(21), И.Ш.(21) викан “Шачо“, А.Н.(21) и А.Љ.(32) викан “Мони“ се товарат дека на 1-ви декември меѓу 15 и 16 часот со „мерцедесот“ на А.Љ. дошле во Љубин, влегле во двор на семјна куќа и од гаражата се обиделе влечејќи со сајла да го украдат „БМВ“-то.
При кражбата ги забележал 15-годишниот М.С., по што П.Ј. ставајќи му нож околу вратот му се заканил дека ќе го убие. Во меѓувреме останатите пријавени го извлеклекле возилото од гаражата, по што побегнале во непознат правец.
Истиот ден околу 23 часот крадците го однеле возилото во сервис за поправка.
На 6-ти декември извршено е препознавање по фотографии при што со сигурност се препознаени Ј.П. и И.Ш. Исто така, е извршен и разговор со сопственикот на автосервисот.
Веднаш потоа распишана е телеграма за потраги по која лицата П.Ј. и А.Љ. од страна на полициски службеници од единица Алфа се пронајдени и приведени.
Изршен е разговор со двајцата. Останатите се недостапни и за истите се распишани телеграми за потраги по лица.
На П.Ј. и А.Љ. изречена им е мерка домашен притвор во траење од по 30 дена, а на лицата И.Ш. и А.Н. изречена им е мерка 30 дена притвор во отсуство. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.