Црна хроника
Малолетник претепан без причина во автобус на ЈСП

Седумнаесетгодишниот Г.С. од Скопје без причина бил претепан од група малолетници во автобусот број 50 на ЈСП, информираат од полицијата.
Инцидентот се случил во средата околу 18:00 часот на булеварот „Никола Карев“.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка го пријавила зетот дека се обидел да ја силува

Дваесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила дека во станот каде што живеат нејзината сестра и зет, нејзиниот зет се обидел да изврши обљуба врз неа.
Според пријавеното, сестрата во моментот не била во станот.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обвинение за извршител на четири кражби на дрзок начин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за четири тешки кражби од чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 18 ноември на автобуската станица на Зелен пазар во Скопје на дрзок начин од една оштетена одзел златен синџир во вредност од 25.000 денари, така што се доближил до неа и ѝ го скинал од вратот. Потоа на 28 ноември на Камен мост од увото на една оштетена со рака скинал златна обетка вредна 15.000 денари, на 1 декември во близина на хотелот „Арка“ на ист начин одзел златна обетка вредна 6.000 денари, а на 3 декември кај Зелен пазар од увото на една оштетена скинал обетка вредна 10.000 денари.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Црна хроника
МВР: Разбиен канал за трговија со кокаин од Западна Европа, уапсени тројца дилери

Полициски службеници од МВР во соработка со српските полициски службеници реализираа акција за спречување на меѓународен канал на транспорт на дрога од земјите на Западна Европа во земјава во која се запленети еден килограм и 58 грама кокаин.
Во октомври и ноември 2019 година, од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведена е истрага над организирана криминална група која се занимавала со организирање на транспорт на наркотична дрога „кокаин“, од земјите на Западна Европа во Република Северна Македонија. Групата се занимавала и со улична продажба на наркотична дрога „кокаин“ на подрачјето на Скопје, Тетово и Гостивар.
„На 6.12.2019 година во координација со Одделот за специјални полициски операции, лишен од слобода е Х.С (26) од с.Речане-Гостивар, кај кого во патничко моторно возило ‘сеат леон’ кое го управувал, а го паркирал на територија на Република Србија, во багажниот простор пронајдени се 1.058 грама кокаин. Х.С. кокаинот го транспортирал од Белгија до Република Северна Македонија. Исто така, лишени се од слобода и главните организатори на транспортот на дрогата Р.Љ (36) од с.Арачиново – Скопје и М.И (35) од с.Речане – Гостивар. Овие лица и претходно биле кривично пријавувани за дела од областа на недозволената трговија со дрога за што издржувале и казни затвор.По целосно комплетирање на доказите против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција“, соопшти МВР.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци