Црна хроника
Целосно изгоре стан од социјалните згради кај населбата Тунел во Велес
Пожарот во кој изгоре стан од социјалните згради во велес, избувнал утрово околу еден часот по полноќ.
Ќумбето на дрва и невниманието на сопственичката на станот, педесет и едногодишната Лидија Пановска биле причината за пожарот, јави велешкиот портал Лисица.
Наместо со дрва, Пановска ќумбето го запалила со пластични шишиња. Од високата температура се запалила фотељата, а веднаш потоа пламените јазици ја зафатиле целата покуќнина. За среќа Пановска, која била во другата соба, брзо реагирала и навреме излегла од станот.
„Го наложив ќумбето. За миг отидов во другата соба. Кога се вратив што ќе видам. Чад и пламен насекаде. Видов само како гори фотелјата. Ме фати паника. Веднаш побарав помош од соседите кои ги повикаа пожарникарите. Се ми изгоре. Не сакам ништо само сакам да останам во станот“, вели Лидија Пановска.
Страшна била глетката во зградата каде избувнал пожарот. Густиот чад ги разбудил станарите.Тие во паника почнале да излегуваат од становите.
„Живеам на четврти кат. Беше страшно. Од викотниците не фати паника. Децата ми се исплашија и сеуште не можат да се смират па морам да ги носам на лекар. Се обидов да излезам од станот. Кога ја отворив вратата прст пред очи не се гледаше од густиот дим. Страшно беше“, вели една од станарките.
Брзата интервенција на противпожарната единица спречила пожарот да ги зафати соседните станови. За два часа пожарникарите успеале да го локализираат пожарот.
„Веднаш по повикот дојдовме со две возила и седум пожарникари. Интервениравме брзо и за два часа го локализиравме огнот и не дозволивме да бидат зафатени и другите станови “, вели Љупчо Лепидовски, командир на територијалната противпожарна единица од Велес.
Ова не е прв пат Пановска од невнимание да предизвика опасност за останатите станари во зградата. Минатата година и се запалил оџакот па противпожарната единица морала да интервенира. Пановска е социјален случај и веќе подолго време живее без струја./крај/ли/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.