Црна хроника
Расветлено разбојништво во обид во Скопје
СВР-Скопје, со кривична пријава го предаде Д.Н. (26) од Битола поради основано сомнение дека со намера противправно да присвои туѓ подвижен предмет и за себе да прибави противправна имотна корист на 19.08. годинава извршил кривично дело.
Како што соопшти полицијата Д.Н. летово, околу 22.15 часот, на ул, „Васил Ѓоргов“ во Скопје, влегол во станот на Д.Д. (46), а кога бил фатен на дело од газдата му се заканил со сигнален пиштол и нож,.
Разбојништвото во обид Д.Н. го извршил на тој начин што откако влегол во претсобјето на станот на оштетениот преку незаклучената врата, кога бил затекнат од сопственикот, извадил сигнален пиштол марка “Екол специјал 99“ кал. 9мм, и со закана по животот му наредил да клекне за да може да го заврзе со пластична стега која што ја донел со себе.
Откако Д.Д. не ја послушал наредбата, пријавениот со пиштолот испукал два пати, по што оштетениот откако ја сфатил сериозната намера на Д.Н. пружил отпор, му го отфрлил сигналниот пиштол, но Д.Н. извадил нож и му задал четири убодни рани во телото и без да земе нешто го напуштил станот и зградата оддалечувајќи се во непознат правец.
Од здобиените повреди оштетениот паднал во претсобјето и барал помош, по што станарите од зградата му помогнале, повикале Итна помош и истиот бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде што по оперативната санација на здобиените убодни рани, истиот бил задржан на интензивно лекување и опсервација во КАРИЛ, а оттаму бил пренесен на ЈЗУ Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија.
Со наредба Основен Суд Скопје 1 од одговорното лице на куќен совет во зградата на ул.„Васил Ѓоргов“ бр.30 подигнато е едно ЦД од снимен видеозапис од 19.08.2012 година во времето од 22 до 22.30 часот од влезот на зградата, каде јасно се гледа Д.Н. како влегува во зградата во критичното време и како трчајќи излегува.
Од извршените проверки утврдено е дека пријавениот сигналниот пиштол го купил на 13.08.
За извршеното разбојништво во обид од страна на единица за истрага на местото на настанот и вештачење бил извршен увид и се подигнати две испукани чаури, една пластична стега и други траги кои се предадени за вештачење.
Со оштетениот е направено непосредно класично препознавање на лица во Полициската станица Кисела Вода, при што истиот со сигурност го препознал Д.Н. како лицето кое е сторител на наведеното кривично дело./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.