Црна хроника
Фатени две Бугарки кои краделе по ГТЦ во Скопје
Две бугарски државјанки се предадени на обвинителството за понатамошна постапка, за кои е утврдено дека вршеле џепни кражби во Трговскиот центар во Скопје.
Лицата К.В.Ј. (32) и С.Е.Г. (22), државјанки на Р.Бугарија, намера за себе да прибават противправна имотна корист на 13 овој месец во Градскиот трговски центар во Скопје, поточно во бутикот “Принципе“ извршиле три џебни кражби при што се стекнале со противправна имотна корист од 20.200 денари.
Во врска со тоа од страна на Истражен судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 15 дена.
Според документираните сознанија на 13 овој месец, пријавените во периодот од 12.30 часот до 13 часот, отишле во ГТЦ во бутикот каде ја забележале С.Н. (20) од село Крушопек – Скопје, која во бутикот разгледувала по изложените предмети.
Тие и пришле и искористувајќи го нејзиното невнимание со протнување на рака во ташната која ја носела со себе и го извадиле паричникот во кој имала лична карта, студентска легитимација и 3.200 денари, по што се упатиле во правец на блискиот “Жена Парк“, каде што ги зеле парите, а паричникот со личните документи го фрлиле во грмушките во паркот.
Исто така, во бутикот ја забележале и оштетената М.Б. (32) од Гевгелија, која во бутикот разгледувала по изложените предмети, по што двете, К.В.Ј. и С.Е.Г., и од ташната која ја носела со себе го извадиле паричникот во кој имала лична карта, возачка дозвола, кредитни картички од банки, 50 евра и околу 5.000 денари со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 10.000 денари по што повторно се упатиле во правец на “Жена Парк“, каде што ги зеле парите, а паричникот со личните документи ги фрлиле во грмушките.
И во третиот случај идентично на претходните, тие влегле во бутикот каде ја забележале Л.Ј. (62) од Скопје која разгледувала по изложените предмети, по што и пришле и искористувајќи го невниманието на Јанкуловска со протнување на рака во ташната која ја носела со себе извадиле два паричника во кои имала лична карта на нејзино име, картички и околу 6.000 денари со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 6.000 денари и се упатиле во правец на “Жена парк“, каде што откако ги зеле парите, паричниците ги фрлиле во грмушките во паркот.
Од Отсекот за џебни кражби пронајдени се и приведени сторителките во службените простории на СВР-Скопје. Со нив е извршен разговор, извршено е и препознавање од страна на оштетените лица кои со сигурност ги препознале двете како извршители на кражбите.
Од сопственичката на бутикот доставено е ЦД со видео запис од видео надзорот во бутикот од кој се изготвени фотографии на кои се гледаат како К.В.Ј. и С.Е.Г. ја вршат кражбата над М.Б. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот, заедно со уште три лица, провалил во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.
Со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго дејствувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа тој и другите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор, сега осомничениот, заедно со другите лица, влегол во просторијата наменета за вработените, од каде што ги одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец.
Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата соопшти дека работи на откривање на неговите соучесници.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.