Црна хроника
Се одложи судењето за „Ровер“, Бошкоски бил болен
Се одложи судското рочиште за случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Од затворот Идризово, каде Бошкоски ја издржува петгодишната затворска казна за случајот Кампања во кој е обвинет за нелегално финансирање на изборната кампања, до судот бил испратен факс дека Бошкоски не бил спроведен во судот поради лоша здравствена состојба, но во него не биле наведени причините за здравствена состојба на Бошкоски.
Судењето е одложено за во вторник, кога адвокатите треба да поставуваат прашања на Бошкоски, а потоа исказ пред судот треба да даде Зоран Трајковски, шеф на обезбедувањето на Бошкоски во тоа време.
За овој случај обвинети се 15 лица, но првите четворица, кои се наведени како извршители и еден од нив организатор, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ се во бегство и се недостапни за органите на прогонот.
Иако по странските државјани не е издадена меѓународна потерница, судот сепак одлучи на првите четворица обвинети да им се суди во отсуство.
Бошкоски се товари дека како министер за внатрешни работи во тоа време му дозволил на сега веќе починатиот Орце Коруновски да нарача убиство за Тушевски.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. За овој случај одговараат 15 лица, а четворица од нив се во бегство./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.