Црна хроника
Повторно се одложи Ровер, Бошкоски се пожали дека се изживуваат врз него
Судското рочиште за случајот „Ровер“, каде еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи и лидерот за Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, повторно се одложи поради лошата здравствена состојба на Бошкоски.
И покрај лошата здравствена состојба Бошкоски беше донесен во судницата. „Ова е класично иживување врз немоќно лице. Ќе ме судите како египетскиот претседател Хосни Мубарак, со инфузија“ реагираше нервозно Бошкоски.
Тој објасни дека здравствените проблеми му се појавиле во неделата, примал терапија и инфузија, а лекарите му препорачале дека треба да одмара најмалку три дена.
Судијата Илија Трпков, пак рече дека ако Бошкоски не бил способен да го следи судењето, судијата ќе добиел службена белешка од лекарите, како што добил во понеделникот.
„Ми кажаа дека ако требало и со доктори и носилки ќе ме донеле во судот и оти сум морал да присуствувам на судењето“ рече Бошкоски не прецизирајќи кој точно му го рекол тоа, единствено кажа дека тоа му го рекле луѓе од затворот.
„Кога ќе покренам постапка еден ден ќе го викнам тој човек за сведок“ рече Бошкоски.
Судијата објаснуваше дека наредба за спроведување на обвинетите е редовна пракса и не никаков исклучок за Бошкоски и инсистираше да продолжи судењето со оглед на тоа дека се прават трошоци, се спроведуваат луѓе од притвор.
Бошкоски уште еднаш повтори дека не може да го следи судењето, по што судечкиот совет се повлече и повеќе од половина час се советуваше дали да го одложи судењето или не.
Судијата рече дека чекале мислење од затворските лекари, но не добиле, па го одложија судењето за во петок.
Адвокатот на обвинетиот, Сашо Јовановски, побара одделување на судењето за Бошкоски бидејќи поради него судењето се одложува по втор пат, а неговиот клиент имал два бајпаси. На ова Бошкоски бурно реагираше и рече „Ќе дојдам во петок макар и мртов“.
Бошкоски се товари дека како министер за внатрешни работи во тоа време му дозволил на сега веќе починатиот Орце Коруновски да нарача убиство за Тушевски. Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец.
Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. За овој случај одговараат 15 лица, а четворица од нив се во бегство. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биле каснати од куче скитник во текот на вчерашниот ден, извести МВР.
На 28.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч.(34) од с.Катланово, скопско, пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.