Црна хроника
Пресечен меѓународен шверцерски канал – запленета марихуана на ГП „Табановце“
Царинските службеници од граничниот премин Табановце запленија околу 25 кг високо квалитетна марихуана.
Во среда околу 12:00 часот, за излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце се пријавило патничко моторно возило марка „ланчиа“ со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин со иницијали В.К. Возачот изјавил дека патува за Италија. Бидејќи цариниците се посомневале во неговото однесување, извршиле детален преглед на возилото.
При прегледот, во внатрешните делови на маската во шал таблата, потоа под тапацирот од левото и десното задно крило од возилото и во предниот браник, пронајдени се 50 паковки во квадратна форма со димензии од 18x12x5cm исполнети со пресуван растителен материјал-марихуана ставен во жолта полиетиленска ќеса, облепена со широка, проѕирна, леплива лента, најгоре обвиткани со алуминиумска фолија и проѕирна полиетиленска фолија.
Нето тежината на секоја паковка изнесува од 485-495 грама марихуана или вкупно 24,404 грама опојна дрога која потекнува од растението Cannabis.
Сторителот и марихуаната беа предадени на инспектори од Одделението за истраги заради превземање на понатамошни предистражни дејствија.
Од спроведената предистражна постапка, собрани се материјални и вербални докази кои укажуваат дека осомниченото лице марихуаната ја набавил во селото Лазарат во Албанија, познато по масовното производство и продажба на високо квалитетна марихуана. Начинот на пакување и квалитетот на марихуаната укажуваат дека истата била подготвена за транспорт од страна на организирана група која подолго време се занимава со транспорт и продажба на квалитетна марихуана. Марихуаната била наменета за нарко пазарот во Италија.
Осомничениот бил само пренесувач на марихуаната, односно истиот за паричен надомест требало да ја пренесе од Албанија преку Македонија, за Италија. Откако организираната група набавила патничко моторно возило, претходно спакуваната марихуана ја сокрила во специјално направени бункери во возилото наменети за пренесување на шверцувана стока.
Два дена пред започнување на транспортот, организираната група ги спровела сите формалности кои се однесувале на пренос на сопственоста на возилото на име на осомничениот.
На критичниот ден осомничениот со претходно подготвениот автомобил, во 02:00 часот тргнал од Тирана и околу 07:45 часот преку граничниот премин Ќафасан, влегол во Македонија.
Организираната група за транспорт на марихуаната често пати користи лица кои за мала парична надомест, а поттикнати од нивната лоша економска и финансиска состојба, се „жртви“ при транспорт на опојни дроги.
Марихуаната со ваков квалитет во големопродажба на нарко пазарите во Европа би достигнала цена во износ од околу 30.000 евра, а доколку би се продава во малопродажба, цената на истата би достигнала и до 100.000 евра.
Со пресекување на овој меѓународен канал на шверц на наркотична дрога запленета е количина од која би се добиле околу 8.000 дневни дози.
Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен истражен судија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.