Црна хроника
Пријави за граѓани кои го пробиле полицискиот кордон
Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочни пријави против граѓани за насилно пробивање на полицискиот кордон и обидот да се изврши упад во зградата на Собранието или да се предизвика инцидент со граѓаните организирани во „Фронт за Македонија“, соопшти МВР.
Прекршочни пријави се поднесени против Скопјанец и жител на селото Звегор, Делчево, додека против гевгеличанец е поднесен записник за констатиран прекршок.
„Во моментот кога групата почна да ги урива безбедносните огради и да ги турка и гази полициските службеници, загрозувајќи ја нивната безбедност, единаесет припадници на полицијата се здобија со повреди од различен карактер. Исто така се работи на прибирање на информации и идентификување на лицата кои се наоѓаа во непосредна близина на градоначалникот на општина Карпош и физички нападнаа граѓанин“ соопштуваат од МВР.
МВР најавува пријави и за вчерашниот инцидент што се случи на блокадите на СДСМ. Организаторите на протестот не го пријавиле идентитетот на лицето кое што го удри синоќа пензионерот кој дошол да му постави прашање на лидерот на НСДП, Тито Петковски.
„Врз основа на емитуваните материјали ќе бидат утврдени неговите генералии по што ќе следува кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот Закон на Р. Македонија. МВР во соработка со медиумите и надлежните институции ќе продолжи да работи на идентификување на сите учесници во насилните инциденти и по документирањето на случаите, против сите инволвирани ќе следуваат соодветни пријави“ соопштуваат од МВР./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.