Црна хроника
Конфискуван имотот на овчарот Иснифарис Џемаили, станови и дуќани одат на продажба
Државата ќе му конфискува десет стана и деловен простор на овчарот Иснифарис Џемаили, соопшти во петок владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
„Владата, преку Државното правобранителство, успеа во судска постапка да докаже дека тој го попречувал правото, дека со нелегални активности се обидел да ја изигра правдата и Апелацискиот суд, со правосилна судска пресуда, потврдувајќи ја претходната пресуда на Основниот суд, пресуди дека договорите за заем кои Иснифарис Џемаили ги склучувал фиктивно за заштита на имотот и хипотеките на имотот кои биле воспоставени со тие договори се ништовни, со што се создадоа можности државата да го конфискува неговиот имот“, рече Ѓорѓиев.
Според него, на Џемаили ќе му се конфискува станбен простор во кој се содржат 10 стана, сите лоцирани во една нова зграда во Скопје со вкупна површина од 910 метри квадратни, како и деловен простор со површина од 62 метри квадратни исто така во Скопје. Апроксимативно пресметаната вредност на вкупниот имот кој ќе биде конфискуван е над 1 милион евра.
Постапката за конфискација е започната, и по нејзино завршување овие 10 стана и деловниот простор ќе бидат дадени на продажба, а средствата од продажбата ќе одат во буџетот за потребите на граѓаните.
Владата донесе одлука да се продадат претходно конфискуваните акции од фирмата „Југоопрема“, кои беа конфискувани од лицето Миодраг Марковиќ. Се работи за 13 544 акции, кои претставуваат 43,64% од основната главница на „Југоопрема“.
Продавањето на овие акции ќе се врши на јавна берзанска аукција, по принципот продажба сè или ништо, односно или сите акции или ниту една, при што номиналната вредност на една акција ќе биде 50 евра, или за вкупниот број на акции цената е определена на околу 700 000 евра. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.