Контакт

Црна хроника

Дванаесет повредени во пет сообраќајки кај Тетово

Објавено пред

Вкупно 12 лица се повредени, во пет сообраќајки, од кои четири верижни судири, што се случија во петокот на автопатот од Тетово кон Скопје и кон Гостивар, јави телевизијата Кис.

Причина за денешните сообраќајни незгоди се густата магла и голомразицата, но пред се  е неприлагодената брзина на условите за возење, соопшти тетовската полицијаМеѓу повредените е и екипа на телевизијата Кис, која била на задача да сними претходна сообраќајка на автопатотот кон Гостивар.Во службеното возило на телевизијата, во кое биле новинарската Соња Атанасковска и снимателот Даниел Евросимовски налетало патничко возило голф.По укажаната помош и извршните прегледи двајцата се пуштени на домашно лекување, со констатирани полесни повреди./крај/кис/

Црна хроника

21-годишен скопјанец приведен поради марихуана

Објавено пред

Синоќа во 20.30 часот на ул.„Лихнида“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Отворена истрага за обид за убиство во селото Арнакија

Објавено пред

Скопското Обвинителство отвори истрага против едно лице за обид за убиство во селото Арнакија.

На 30 август минатата година осомничениот пред кафе-бар на влезот во селото Арнакија со умисла се обидел да убие едно лице. Според информациите од Обвинителството, тој заедно со уште едно лице застанал со автомобил „фолксваген голф“ на автобуската станица во селото и почнале вербална расправија со трето лице, кој е сведок во истрагата.

Двајцата излегле од возилото држејќи пиштоли во рацете по што сведокот почнал да бега. Оштетениот го видел настанот и се обидел да ја смири ситуацијата повикувајќи ги да застанат. На ова осомничениот испукал кон него 3-4 проектили од пиштолот и му нанел три огнострелни повреди.

Повредениот почнал да бега, а осомничениот се впуштил кон него и испукал уште неколку проектили, но не успеал да го погоди. Кога на местото се собрале и поголем број други луѓе, двајцата вооружени побегнале. По настанот, осомничениот повеќе од четири месеци бил недостапен за органите на прогонот.

Бидејќи постојат околности што упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори или да го доврши кривичното дело, како и да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор.​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот 25-годишник од непознато лице набавил марихуана со вкупна нето-маса од 123 грама, која ја чувал во куќата на својот дедо. Дрогата ја препакувал во 23 помали полиетиленски пакувања со намера да ја продава. При претресот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

Јавен обвинител до судот поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Прикажи повеќе...

Најново

Економија31 минута

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија1 час

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема функционер на СДСМ што не си ја вработил цела фамилија во администрација

Eпидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги,...

Свет2 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт2 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет2 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет15 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа17 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија19 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа20 часа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет22 часа

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион23 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ24 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет24 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија1 ден

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија1 ден

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет1 ден

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Досие