Контакт

Црна хроника

Полицаец застрелал тројца луѓе во БиХ, на дете му пукал во нозете

Објавено пред

Пензиониран полицаец од Босна и Херцеговина убил неколку членови од своето семејство, јавуваат босанските медиуми.

Трагедијата се случила во местото Лопаре, кај Бјелина, кога во петок попладне пензионираниот полицаец од автоматска пушка ја застрелал жената на братот, потоа отишол во станот каде што го убил синот на братот и неговата сопруга, додека на нивното 13 годишно дете му пукал во нозете. Потоа се застрелал во главата.

Детето е надвор од животна опасност, додека лекарите не сакаа да се изјаснат за состојбата на пензионираниот полицаец.

Злосторствата во полиција ги пријавил братот на убиецот. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Сопругот ја омаловажувал и ѝ се заканувал со остар предмет, заканите траеле долго време

Објавено пред

Триесет и седумгодишната А.Ф. од селото Палатица,тетовско го пријавила својот сопруг.

Според информациите на полицијата, тој во петокот околу 20.30 часот ја омаловажувал и ѝ се заканувал со остар предмет.

Заканите кон неа и нивните три деца се повторувале подолг временски период.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Објавено пред

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата.

Како што јави МВР, тетовецот е приведен по пријава од страна на неговиот внук.

„А.И од Тетово пријавил дека во неговата куќа на улицата „Јане Сандански“ дошол неговиот чичко И.И со секира упатувајќи му закани по неговиот живот“, велат од полицијата.

При обид да биде легитимиран од полициски службеници, приведениот одбивал и ги омаловажувал полициските службеници.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Седум возила учествуваa во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Скопје

Објавено пред

Утрово во 06.45 часот на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улицата „16-та Македонска Бригада“ и улицата„Интернационални Бригади“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале седум возила.

Како што информира МВР, во сообраќајката учествувале товарно моторно возило, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(25) од Скопје, товарно моторно возило,„митцубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(27) од Велес, патничко моторно возило „дачија данкер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Скопје, патничко моторно возило„фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(44) од с.Грушино,скопско, патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(62) од с.Миладиновци,скопско и патничко моторно возило„фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(30) од с.Брњарци,скопско.

Во незгодата со тешки телсени повреди се здобила С.Д.(51) од Скопје, сопатник во патничкото моторно возило„фолксваген туран“ а кај четворица останати учесници во незгодата биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ6 часа

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија7 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет9 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт13 часа

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија13 часа

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет1 ден

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија1 ден

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ1 ден

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија1 ден

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија1 ден

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија1 ден

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ1 ден

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа2 дена

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет2 дена

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија2 дена

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Досие