Црна хроника
Израелка на возраст од 83 години силувана со часови
Израелската полиција во понеделник информираше за стравично злосторство извршено во Тел Авив.
Млад емигрант од Еритреја силувал 83 годишна старица со часови во дворот на зградата каде што живее. Монструмот е фатен и ставен во затвор.
Полицијата соопшти дека напаѓачот ја фатил старицата веднаш штом излегла од станот, ја одвлекол во дворот на зградата, ја претепал и ја силувал додека не дошле роднините на нападнатата старица, по што побегнал.
Полицијата го идентификувала со помош на ДНК траги, а во базата го имале од порано заради обид за кражба. Со истражните органи одбил да разговара, туку рекол дека не се сеќава на ништо.
Заради ова страшно злосторство многу жители на Тел Авив за време на новогодишната ноќ се подготвуваат на масовни протести, а министерот за внатрешни работи ги повика министрите за правосудство и за надворешни работи да ги преземат сите чекори за депортација на имигрантите од Судан и Еритреја назад во своите земји. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.