Црна хроника
Украдени 90.000 долари и 57.000 евра од под цигли
Новогодишната ноќ не може да се нарече среќна за еден скопјанец, кој остана без целоживотната богата заштеда.
Имено, во понеделникот во 13.30 часот во Скопје, на ул.„Тодор Чангов“, извршен е увид во куќата сопственост на Б.Т.(1961), кој долго време е на привремена работа во странство, каде што непознат сторител украл речиси 120.000 евра.
Крадецот со скала се качил до капакот од таванот кој се наоѓа на терасата пред влезната врата и преку отворот влегол во таванскиот простор.
Сторителот од една метална кутија која била покриена со цигли и ќерамиди одзел 50.000 долари и 7.000 евра, а од втората метална кутија одзел 50.000 евра и 40.000 долари.
Со делото сторителот противправно се стекнал со имотна корист од околу 7.825.500 денари.
Полициската станица Аеродром презема мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.