Црна хроника
Малолетничка паднала од прозор од куќа на роденденска забава
Малолетничка од Штип паднала од висина од 4,5 метри од прозор од тоалет од куќа каде била во роденденска забава, соопшти МВР.
Седумнаесетгодишната девојка со своите врсници биле на роденденска забава во куќа на улица „Крушевска република“.
Околу полноќ девојката влегла сама во тоалет и по кратко време нејзините другари слушнале тап удар на местото под прозорот од тоалетот, од надворешната страна на куќата.Кога излегле ја забележале девојката како лежи во бессознание и повикале брза помош по што била пренесена во Клиничка болница во Штип.
Поради сериозност на повредите пренесена е во Клинички Центар-Скопје. СВР Штип превзема мерки за расчистување на случајот, се утврдува дали девојката сама паднала, се фрлила или некој друг ја турнал.
Нема ниту информации дали девојката и нејзините другари пиеле алкохол./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.