Црна хроника
„Коха“: Еден од обвинетите во „Монструм“ на денот на убиството бил во Општина Илинден?
Еден од обвинетите во случајот „Монструм“, Фејзи Азири кој беше и концесионер на Смилковското езеро каде што се случи петкратното убиство, дента кога се случи убиството се сретнал лично со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во просториите на Општина Илинден, тврди роднина на обвинетиот
„Точно на денот кога се случи убиството, во просториите на општина Илинден се одржа свеченост за доделување на 1000-то решение по ред за легализација на бесправно изградени објекти. Фејзи на оваа свеченост се сретна лично со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Овој факт може лесно да се провери на снимките од телевизиите кои присуствуваа на церемонијата“ изјавил за „Коха“ роднина на Фејзи Азири.
На веб страницата на владата стои соопштението од 12 април, кога се случи трагедијата, дека министерот Јанакиески во општина Илинден го доделил 1000. по ред решение за утврдување на правен статус за бесправно изградени објекти во општина Илинден.
Во среда се очекува да продолжи судскиот процес за случајот „Монструм“ во кој им се суди начетворица од обвинетите, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. На другите двајца обвинети, кои се товарат дека се директни извршители на убиството, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ им се суди во отсуство.
Според обвинението, токму Фејзи Азири стоел зад организацијата и логистиката на петкратното убиство.
Обвинетите, како што пишува во обвинителниот акт, имале намера со загрозување на животот и телото да создадат чувство на несигурност и страв кај граѓаните, па на свиреп и подмолен начин лишиле од живот пет лица од македонска националност. Во обвинението, освен обвинетите, се споменуваат и други непознати лица кои биле заедно со обвинетите. Како извршители на убиството се товарат Африм и Агим Исмаиловиќ и Алил Демири.
Во убиството коешто се случи на 12-ти април без причина беа убиени матурантите Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
Алил Демири, според обвинението, испукал осум куршуми од пиштол кон четирите момчиња, додека Агим и Африм Исмаиловиќ со автоматски пушки кон момчињата испукале вкупно 13 проектили. Потоа, со уште пет проектили го убиле рибарот кој сакал да избега со своето возило./крај/коха/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.