Црна хроника
Торба со 120.000 евра украдена во Охрид, повреден сопственик на менувачница
Четири засега непознати лица, во саботата околу 08:00 часот на улицата „Дејан војвода“ во Охрид извршиле разбојништво врз сопственик на менувачница, при што му ја одзеле торбата во која имало поголема сума пари, јави ОхридЊуз.
Како што соопшти полицијата, разбојниците се движеле со патничко возило „Фолксфаген-џета“ со кичевски таблици и директно го удриле и повредиле 48-годишниот сопственик на менувачница од Охрид по што еден од нив, излегол и од повредениот одзел една платнена ташна во која, според кажувањето на повредениот, имало 120.000 евра.
Разбојниците веднаш потоа, со истото возило се упатиле кон излезот на Охрид, кон магистралниот пат Охрид-Кичево. Повредениот е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
На потегот помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, од страна на полициските службеници, пронајдено е запалено патничкото возило „Фолксфаген-џета“ кое го користеле сторителите.
СВР Охрид презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите.
Ова е второ разбојништво во Охрид за кус период. Завчера вечерта вооружени разбојници ја ограбија златарата „Голд“ во центарот на Охрид, од каде однеле златни предмети во вредност од 100.000 евра. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовчанец агресивно се однесувал со полицаец кој вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.