Црна хроника
Меѓуроднинска пресметка со секири, метални шипки и палки во Ченто
Едно лице е тешко повредено во пресметка меѓу две групи роднини во скопската населба Ченто, информираат од полицијата.
Триесет годишниот А.А. пријавил дека во петокот околу 15,45 часот на ул.„Константин Петковиќ“, додека заедно со сопругата, неговите родители, братот и сестрата која била со дете, се враќале дома од гости, во еден момент патот им бил попречен од роднините Г.А. и В.А., кои почнале да удираат по возилата, а потоа им се приклучиле и други роднини, кои во рацете носеле секири, метални шипки и палки, а потоа физички ги нападнале удирајки ги по главите и телата.
Во еден момент А.А. со палка бил удрен од В.А. во пределот на десната рака и му била нанесена тешка телесна повреда.
Полициската станица Гази Баба презема мерки за расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.