Црна хроника
Домашен притвор за возачот што изгази пешак и избега
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.(41) од струшкото село Велешта, поради основано сомнение дека изгазил пешак и избегал.
Истражен судија на пријавениот му одреди мерка домашен притвор од 30 дена.
Имено, на 30.12.2012 година, во 17.40 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар кај село Велешта, се случила сообраќајна незгода со смртни последици, во која сега пријавениот, управувајќи патничко моторно возило марка „Пасат“ со австриски регистарски таблички го удрил пешакот Назиф Ж.(82) од Велешта кој се движел покрај патот , по што тој починал.
Место да застане и укаже помош пријавениот избегал, а возилото го сокрил во куќниот двор. За незгодата што ја предизвикал, тој не кажал ниту на членовите на неговото семејство.
Наредниот ден се обидел со китирање и фарбање на возилото да ги сокрие трагите на оштетените делови и извршил делумна санација на истите.
При извршен претрес во домот на пријавениот, во гаражата е пронајдено патничкото возило со кое е предизвикана сообраќајната незгода како и предмети со кои се обидел да ги санира трагите од предизвиканите оштетувања, кои се одземени и предадени на вештачење./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.