Црна хроника
Сакал да увезе бумбари повеќе од дозволеното
Вкупно 240 бумбари за опрашување се одземени од страна на царинските служби од Граничната испостава „Гевгелија“ при контрола на комбе со македонски таблички.
При контролата на комбето, покрај пријавените 3.600 бумбари (60 кутии по 60 бумбари), пронајдени се и 240 непријавени бумбари (4 кутии по 60).
Непријавените 240 бумбари се одземени, и согласно законот се предадени во надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот. Бидејќи се потребни посебни услови за чување и исхрана во тек е постапка на отстапување на бумбарите на Факултетот за земјоделство.
Увоз на бумбарите, како што информираат од царинската управа, неопходна е дозвола од Ветеринарен институт. За пријавените 3.600 сеуште не е обезбедена потребната дозвола, и истите се наоѓаат на ЦИ „Гевгелија“. По комплетирање на документите, ќе биде спроведена царинската постапка.
Бумбарите со латинско име Bombus terrеstris во Македонија се увезуваат за опрашување на растенија во пластеници за побрз процес на производство на зеленчук. Тие се транспортираат во специјални картонски кошници.
Во секоја кошница има по 60 бумбари доволна да опрашат еден поголем стакленик. Во минатото, производителите се потпирале на медоносните пчели, рачно опрашување или раст со хемикалии, во зависност од културата.
Сите овие методи имаат многу недостатоци, па затоа опрашувањето со бумбари е најприроден и најбрз процес. При увозот потребна е дозвола од Влезен ветеринарен документ за живи животни кое е потребно да се извади при самиот влез во државата. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.