Контакт

Црна хроника

Обвинетите во Монструм негираат вмешаност во петкратното убиство кај Смилковското езеро

Објавено пред

Тројцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро, кои во среда даваа исказ пред судот тврдат дека ниту го извршиле, ниту пак учествувале во грозоморното убиство.

dobivaj vesti na viber

Третообвинетиот Агим Исмаиловиќ, кој се товари дека е еден од извршителите тврди дека кобниот ден се молел во џамија, а потоа бил на работа, Фејзи Азири, кој се товари дека бил организатор на убиствата бил на фармата во Белимбегово, додека Рами Сејди кој имал слична задача како и Азири, бил на работа во својата работилница за поправка на автомобили.

Исмаиловиќ тој ден бил пет пати во џамија да се „клања“, а потоа заминал на работа во интернет кафето со кое управувале неговиот брат Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се во бегство и се товарат дека се извршители на убиството. Тврдеше дека никогаш не бил на Железарското односно Смилковското езеро.

Фејзи Азири детално опиша како го поминал 12 април минатата година, тој ден во општината Илинден се сретнал со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски му ветил дека ќе му даде јагне за Велигденските празници. Остатокот од денот го поминал на фармата во Белимбегово.

Азири бил концесионер на дел од земјиштето кај Смилковското езеро, но сега веќе државата му ја одзела концесијата.

Рами Сејди кој се товари дека контактирал со лицата кои биле на местото на убиството како логистика за брзо и ефективно извршување, тврдеше дека тој ден бил на работа во својата работилница за поправка на автомобили во Арачиново.

Алил Демири му бил муштерија, а Агим и Африм Исмаиловиќ ги знаел само на изглед. И тој како Исмаиловиќ тврдеше дека знаел каде е Смилковското езеро но никогаш не бил таму.Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи вели дека обвинетите имаат алиби за таа вечер и изјави дека постоеле сведоци кои ќе потврделе дека обвинетите не биле таа вечер на Смилковското езеро.

Во четврток треба да сведочи Хаки Азири, кој на почетокот беше заштитен сведок, но доброволно се откажа од овој статус и стана обвинет.

Според обвинението, Азири пред истражен судија изјавил дека со својот автомобил ги чекал обвинетите на обиколницата кај Качанички пат околу 20 часот. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири излегле од црвениот „опел“ и влегле во неговиот автомобил. Му кажале дека убиле човек и му рекле да ги одведе во неговиот дом./крај/фф/сн

Црна хроника

Се трага по 86-годишно лице од Скопје

Објавено пред

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола

Објавено пред

На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Објавено пред

Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.

dobivaj vesti na viber

Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија4 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија4 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија4 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија9 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија9 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија10 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија13 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија14 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет15 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет15 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија16 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија16 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет16 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет16 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет16 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...