Црна хроника
Азири: Изјавата пред истражен судија ја дадов под притисок на полицијата
Точна е изјавата што ја кажав денеска пред судот, претходната ја дадов под притисок на полицијата, рече обвинетиот во случајот Монструм по контрадикторноста на неговиот исказ денеска пред судот со неговиот исказ даден пред истражен судија.
„Не можев да го издржам психичкото малтретирање. Ми велеа дека рацете им се отворени за затворат кој сакаат. Бев однесен во МВР каде ми рекоа да го кажам тоа што го кажав пред истражен судија и ми ветија дека ќе ме ослободат“ рече Азири.
Не можел да го издржи тоа што неговото семејство додека бил заштитен сведок и бил дислоциран во Кочани не знаеле каде е и побарал или да го затворат или да го ослободат.Во Кочани му стигнало писмо во кое пишувало дека ако сака да се откаже од овој статус треба повторно да даде исказ.
На истражниот судија не му се пожалил за притисоците оти се плашел да не го убијат, па потоа да кажат дека го убиле оти сакал да избега.
Остана на тврдењето дека нема никаква врска со убиството кај Смилковското езеро.
Негираше дека другите обвинети или нивните роднини му вршеле какви и да се притисоци.
Во судницата во четвртокот беше емитувана видео снимка од мај минатата година, кога Азири дава исказ пред истражниот судија.
Адвокатите реагираа дека имало делови во записникот од тој ден, што Азири не ги кажал, а биле внесени на записник.
Оваа видео снимка, како што рече обвинителката Гордана Гешковска ќе биде искористена како доказ во постапката.
Азири пред истражниот судија тврдеше дека ги чекал двајца од обвинетите на обиколницата кај Качанички пат и дека кога дошле носеле црни капи и ракавици и му кажале дека убиле човек.
Судењето за петкратното убиство кај Смилковското езеро ќе продолжи на 15 овој месец./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.