Црна хроника
Ограбени две цркви во околината на Скопје
Две цркви биле ограбени во ноќта од петокот кон саботата во скопските села Горњани и Смилковци при што биле украдени вкупно 2.100 денари и две синџирчиња вредни 500 денари.
Во манастирскиот комплекс „Св.Никита“, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што ја прескокнал оградата од комплексот и со употреба на погоден предмет го скинал синџирот од вратата, влегол внатре, направил пребарување, при што одзел две синџирчиња и околу 500 денари. На непознат начин, сторителот го отстранил и го зел со себе и катанецот со кој била заклучена вратичката од лимената каса за доброволни парични прилози и од неа одзел околу 600 денари. Со погоден предмет сторителот насилно ги отворил и влезните врати од административната зграда на комплексот, кујната и подрумот, каде извршил пребарување, но не одзел ништо, по што го напуштил лице местото. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.Во црквата „Св.Недела“, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно со погоден предмет ја отворил влезната врата, влегол внатре и насилно го отворил шкафот кој се користи како каса за доброволни парични прилози, при што одзел околу 1.500 денари. Сторителот насилно со погоден предмет делувал и на вратата од трпезаријата, каде извршил пребарување, но не одзел ништо, по што го напуштил лице местото. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.