Црна хроника
Руската полиција застрела маж што пукал врз градинка
Полицијата во понеделникот во руската република Башкирија застрела маж кој отворил оган врз детска градинка, јавуваат руските медиуми.
Мажот истрелал два куршума од сачмарка врз детската градинка во градот Салвата од терасата на својот стан и притоа го скршил прозорецот на градинката.
Тој одбил да се предаде, па полицијата упаднала во неговиот стан. Човекот отворил оган и кон полицајците, кои возвратиле на огнот и го убиле.
Засега не е познат мотивот за нападот. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.