Црна хроника
Дванаесетгодишно момче осудено во САД за убиството на таткото расист
Судот во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот го прогласи 12-годишниот Џозеф Хол за виновен за убиство со предумисла на неговиот татко Џефри Хол, кој ја водел локалната канцеларија на неонацистичката организација Национал-социјалистичко движење
Како што пренесува Associated Press, Џозеф го застрелал неговиот 32-годишен татко, кој имал расистички ставови, во мај 2011 година. Тогаш момчето имало само 10 години.
Според адвокатот на детето, Метју Харди, детето израснало во атмосфера на насилство и свирепост, и оттаму сметало дека е прифатливо да се убие човек, кој, според него, претставува закана. Според одбраната на Џозеф, „по елиминирање на таткото, момчето имало намера да запре со насилството“.
Како што пренесува Reuters, судот одлучил да го испрати малолетникот убиец во малолетнички затвор на казна од 11 години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.