Црна хроника
Родител на еден од убиените кај Смилковци: Сигурен сум дека овие се убијците
Родителите на убиените момчиња и рибарот кај Смилковци лани во април, во вторникот дадоа исказ пред судот и се соочија со обвинетите на петкратното убиство.
Сите од нив останаа на исказот даден пред Истражен судија, но не знаеја да кажат колкава отштета ќе бараат, дали во кривична или во граѓанска постапка.
Остана да достават дополнителен поднесок за висината на отштетата до крајот на главниот претрес. Таткото на Александар Наќевски, Горан Наќевски рече „ќе барам отштета, бидејќи сигурен сум дека овие се убијците“.
Прашања за роднините имаше единствено Јавната обвинителка, којашто праша дали се сеќаваат на телефонскиот број што го користеле нивните синови за време на петкратното убиство.
Таткото на Наќевски рече „прв ми е неговиот број во именикот во телефонот и никогаш нема да го избришам“.
Некои од родителите воопшто не се сеќаваа на телефонските броеви што ги користеле нивните синови за време на убиството. Од сите пет семејства, единствено семејството Славковски, односно родителите на убиениот Филип Славковски, назначиле полномошник за овој случај.
За време на сослушувањето, немаше никакви дофрлувања во судницата. Единствено родителите немо ги набљудуваа обвинетите за убиството на нивните синови.
Досега пред судот искази дадоа сите достапни обвинети во случајот. Негираат каква и да поврзаност со петкратното убиство кај Смилковското езеро во април 2012 година. /крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.