Црна хроника
Со 326 штеки цигари сакале да летнат за Лондон
Царинските службеници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ спречија обид за шверц на 326 штеки цигари и нивно нелегално пренесување во Лондон.
Како што информираат од царинската управа, во понеделникот околу 05:30 часот за излез од Македонија на аеродромот се пријавиле штипјанецот Д.И и битолчанецот Ѓ.Т со намера да отпатуваат за Лондон.
Откако го чекирале багажот полн до акцизна стока без тоа да го пријават, двајцата биле селектирани за царинска контрола, а на прашањето дали имаат нешто да пријават, одговориле негативно.
Нивните куфери биле обезбедени од аеродромските служби за багаж и пристапено е кон детален преглед, при што се пронајдени 276 штеки Winston и 50 штеки Marlboro цигари.
Во текот на службениот разговор, прекршителите изјавиле дека една штека Marlboro во Велика Британија се продава по цена од 80 фунти, а Winston за 65 фунти. Лицата се носители на бугарски пасоши. На влез во Велика Британија го приложуваат на увид бугарскиот пасош со кој и остваруваат работен однос во земјата.
Цигарите се одземени, а против двете лица е поведена прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување по прекршок. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.