Црна хроника
Алити: Најверојатна причина за пожарот во Пошта е старата инсталација, нема жртви
Нема жртви во големиот пожар што во вторникот попладне ја зафати главната зграда на Македонски пошти, а директорот Рафиз Алити се сомнева дека причина за пожарот е старата инсталација
Директорот на Македонски пошти, Рафиз Алити, бил во просториите на поштата кога избувнал пожарот, малку по 16.30 часот во вторникот. Соработниците го известиле дека избувнал пожар на третиот кат, а според првичните претпоставки причина за инцидентот е стара инсталација
Во моментов, како што јавува репортерот на Макфакс, од зградата на Македонски пошти не се гледаат пламени јазици, но и натаму од објектот се издигаат столбови чад.
„Додека бев во мојот кабинет дојдоа вработените и ме известија дека избувнал пожар на третиот кат. Заедно со соработниците почнавме да гаснеме тоа што можевме и им реков на луѓето да излезат надвор. Покритична беше состојбата на една жена. Поточно немавме пристап до неа, таа беше извлечена со противпожарни скалила од третиот кат. Човечки жртви нема“, рече директорот Алити во изјавата за новинарите.
Алити пред зградата беше во придружба на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
„Засега не можеме да кажеме што е причината за пожарот. Најверојатно пожарот избувналво ткн сервер салата, но потенцирам најверојатно. Истрагата тоа треба да го покаже. Ние претпоставуваме засега дека причината за огнот е од старата инсталација. Велам, претпоставуваме затоа што засега не можеме со сигурност да кажеме од што избувнал пожарот“, додаде Алити.
Претходно според неофицијални информации од очевидци беше кажано дека попладнево се слушнала експлозија, и тоа најверојатно станува збор за експлозија на плинска боца, меѓутоа подоцна оваа информација беше демантирана од директорот Алити./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.