Црна хроника
Ќе се проверуваат снимките од видео надзорот во Македонски пошти
Истражните органи ќе ги прегледуваат снимките од видео надзорот пред и за време на пожарот за да се открие точната причина поради која настанал пожарот во Македонски пошти.
По завршувањето на увидот во изгорените простории на поштата, една комисија ќе ја проценува предизвиканата штета од пожарот, додека другата ќе ги отвора касите каде се чува дневниот промет.
Пожарот во зградата на Македонски пошти во центарот на Скопје, избувна во вторникот попладне, по што изгореа шалтер салата, покривот и неколку канцеларии на вториот кат.Сè уште е се знае кој ќе ја плати штетата бидејќи Поштата не потпишала договор со ниедна осигурителна компанија за оваа година.
Во тек бил тендер, а според директорот на Македонски пошти, Рафиз Алити, компанијата која ќе го добиела тендерот ќе ја надоместела штетата бидејќи во тендерот имало клаузула според која осигурувањето важело ретроградно од почетокот на годинава./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.