Црна хроника
Овчарот Иснифарис Џемаили скоро две години не бил во затвор, полицијата повторно го приведе
Познатиот овчар Иснифарис Џемаили скоро две години не се појавил во затвор, поради наводно лекување, па Основниот суд Скопје 1 издал наредба за негово повторно приведување.
Полицијата го привела деновиве за издржување на затворската казна од три години и шест месеци за криминалот во случајот Бачило.
Откако во 2011 сам се пријави на издржување на затворската казна, брзо потоа на негово барање, Основниот суд Скопје 1 на 27 април 2011 донел решение да биде пуштен на лекување поради влошена здравствена состојба.
Но до декември минатата година не донел во затворот ниту лекарска документација, ниту пак се пријавил во затвор. Основниот суд донел наредба за негово приведување.
Овчарот беше осуден на три и пол години затвор за случајот Бачило, во кој што успеа да и наплати на државата 720 илјади евра за наводно гранатирано Бачило во 2001 година.
Со овие пари започна незаконска денационализација на вредно земјиште, а во аферата беа вмешани 13 лица, нотари, адвокати за организираниот криминал од над 5 милиони евра.
Џемаили ги изгуби сите пари, откако судот донесе пресуда со која се поништуваат сите хипотеки со кои досега тој го штитеше имотот од конфискација.
Скопската полиција изминатата недела привела вкупно седум лица осудени на затворски казни со правосилни судски пресуди во траење од вкупно 13 години./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.