Црна хроника
Ограбен Кам маркет во Бутел, украдени над 1.000 евра
Двајца маскирани и вооружени разбојници во средата вечерта ограбиле продавница на Кам Маркет и украле повеќе од 1000 евра, соопшти МВР.
Кражбата се случила синоќа околу 21.20 часот на улицата Црвени брегови во скопската населба Бутел. Двајцата разбојници биле маскирани, а едниот вооружен со пиштол им се заканувал на вработените.
Украле 64.000 денари и избегале. Полицијата трага по нив./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.