Црна хроника
Сопругата на италијанското аташе во Белград извршила самоубиство
Странска државјанка извршила самоубиство во четврток околу 17 часот фрлајќи се од петтиот кат на улицата Кнез Михајлова во Белград, а неофицијално, „Блиц“ јавува дека станува збор за сопруга на италијанско аташе во Белград.
Од Итната помош потврдуваат дека жената починала од повредите што ги здобила при падот од петтиот кат.
На местото на несреќата се наоѓа полицијата, како и италијанскиот конзул, а увидот е во тек. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.