Црна хроника
Сопругата на италијанскиот аташе во Белград настрадала обидувајќи се со чаршави да се спушти од заклучениот стан
Сопругата на италијанскиот аташе во Белград во четвртокот вечерта настрадала кога се обидела да излезе од станот низ прозорец.
Иако првично се мислеше дека станува збор за самоубиство, досега собраните информации на истрагата покажуваат дека станува збор за несреќен случај. Жената починала обидувајќи се да се спушти од петтиот кат на улицата Кнез Милош.
Како што јавува Блиц, жената останала заклучена во станот и немала клуч и се обидела да се спушти на улица со помош на чаршави.
Во итната помош потврдиле дека жената починала од повреда која ја добила кога паднала од петтиот кат. На местото на несреќата пристигнал италијанскиот конзул како и пријателите на починатата но не сакале да коментираат.
Како што неофицијално дознава Блиц, падот го пријавил нејзиниот сопруг, а еден од станарите во зградата чија канцеларија се наоѓа во станот под нивниот вели дека во моментот на несреќата не бил на работ,а но не слушнал ништо невообичаено.
„Сопругата на аташето ја видов само еднаш кога течеше од нивниот стан“ додава соседот, а друг сосед пак се сеќава дека непосредно пред скокот, од прозорецот видел дека виси бел чаршав./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.