Црна хроника
Се проширува „Детонатор“, поднесени нови кривични пријави за „перење“ на 4,7 милиони евра
Полициската акција „Детонатор“ продолжува, полицијата поднесе кривични пријави тројца кочанци и против две правни лица, под сомнение дека испрале 4,7 милиони евра.
Осомничени се дека сториле кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“.
Според пријавата, осомничените во Куманово, Тетово, Кочани, село Облешево, Македонска Каменица и Делчево во деловни простории на еден од осомничените или во изнајмени простории поставиле 195 покер апарати и шест рулети и нелегално организирале игри за среќа иако немале лиценца за работа.
Го користеле логото на фирмата „Шери“, кое било регистрирано за послужување пијалоци. Со ова не платиле давачки предвидени со Законот за игри на среќа и за забавни игри, а истовремено не ги прикажувале приходите стекнати од незаконското работење на нелегалните автомат клубови.
Против еден од осомничените била поднесена кривична пријава во јуни минатата година за комар и даночно затајување.
„Вршејќи ги овие кривични дела, како и со незаконското работење на шесте автомат клубови, пријавените со парите стекнати на криминален начин купувале основни средства за правното лице ДПТУ„Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани или ги уплаќале во готово на жиро сметката на истото правно лице, потоа купувале странски валути со кои вршеле плаќања на добавувачите од странство на ДПТУ„Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани, а исто така со плаќање во готово пријавените купувале недвижен и движен имот, стан во Скопје, деловен простор во Кочани, 11 патнички моторни возила. Со цел да биде прикриен имотот на ДПТУ„Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани (купуван со противправно стекнатите парични средства) со Договор за пренос на удел без надомест, основните средства биле пренесени на име на физичкото лице-назначено како нов сопственик на ДПТУ„Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани, кое по менување на сопственоста било и преименувано во ДПТУ „Жупа Слот“ Кочани“ соопштуваат од МВР./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.