Црна хроника
Кражби на накит и пари во тетовско и Битола
Кражби на накит и пари се случиле во саботата во тетовско и Битола, а крадци провалиле и во канцеларија на Социјалистичката партија на Македонија.
Едната кражба се случила во сабота вечерта во тетовското село Камењане.
Додека сопствениците биле на гости, крадецот го прескокнал дворниот ѕид од задната страна на куќата каде нашол една клупа на која се поткачил, со тврд предмет го искршил стакло од прозорот од собата на приземјето, влегол внатре и од спалната соба, украл пластично ковчеже со златен накит.
Во ковчежето имало златен накит вреден 490.000 денари или околу 8000евра.
Другата кражба се случила во Битола во саботата, кога крадец влегол во стан преку прозорецот и украле златен накит, пари, телефони и други вредни предмети во вкупна вредност од 240.000 денари или околу 4.000 евра.
Третата кражба се случила во барака во Општина Карпош, во канцеларија, којашто ја користела Социјалистичката партија на Македонија.
Крадецот влегол во бараката, која била незаклучена, а потоа насилно ја отворил вратата на канцеларијата од СПМ, пребарувал по канцеларијата и направил штета од околу 3.000 денари. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.