Црна хроника
Американската полиција во потера по човек кој рани пет лица во ноќен клуб
Полицијата во американскиот округ Колумбија е во потрага по непознат напаѓач кој отворил оган во саботата во ноќниот клуб „DC Soundstage“, што резултираше со ранети тројца мажи и две жени, пренесе во неделата телевизиската мрежа NBC.
Според извештаите на медиумите, околу два часот ноќта кон неделата според времето на Источниот брег на САД, во ноќниот клуб влегол човек и отворил оган врз посетителите на локалот. Како резултат на тоа, три лица биле однесени во болница со прострелни рани на ногата, еден човек бил ранет во грбот а уште една жена во градите. Сите пет жртви се задржани во болница.
За напаѓачот е познато само дека бил многу висок и носел качулка. Полицијата на американската престолнина апелираше до жителите на Вашингтон да јават каква и да е информација која би довела до откривање на напаѓачот.
Минатиот четврток, сенаторката Дајан Фајнстајн во Сенатот го претстави нацрт-законот за целосна забрана за продажба и производство во земјата на повеќе од 150 видови полуавтоматско јуришно оружје. Прашањето за контрола на оружјето во САД ја преокупира тамошната јавност по неодамнешната трагедија во сојузната држава Конектикат, каде што 20-годишниот Адам Ланза во основно училиште уби 20 деца на шест и седумгодишна возраст, и три возрасни лица и својата мајка./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.