Црна хроника
Запленетата марихуана на Табановце вешто камуфлирана во покривот на автобус
Дотраеноста на автобусот, како и нервозното однесување на возачот биле главните мотиви заради кои во неделата на Граничниот премин Табановце биле откриени 126 килограми високо квалитетна марихуана.
Имено, на цариниците им станало сомнително што толку стар автобус превезувал многу малку патници на долга релација, како и нервозното однесување на возачот, па заради тоа пристапиле кон претрес на автобусот.
Притоа, во горниот дел на покривот, во специјално направен бункер се пронајдени 62 пакувања, обвиткани со проѕирна најлонска фолија со непозната тревкаста материја со тежина околу 64 кг.
На друго место, предвидено за вентилација пронајдени се 60 други пакувања со тежина околу 62 кг. По извршеното тестирање со тестери за дрога, утврдено е дека станува збор за наркотично средство – марихуана.
Сторителот и марихуаната беа предадени на инспектори од Одделението за истраги заради превземање на понатамошни предистажни дејствија.
Од спроведената предистражна постапка, собрани се докази кои укажуваат дека осомничениот, сопственик на транспортна компанија која сообраќа на повеќе релации во земјата и странство, за надомест од 40.000,00 евра, договорил транспорт на дрога со автобус во негова сопственост, а истата требало да ја испорача на лице во Унгарија.
Во претходен договор со лице од Албанија, во Тирана дрогата била спакувана и натоварена во кровната конструклција на автобусот кој во тоа време сообраќал на релација Куманово-Тирана- Куманово. По пристигнување во Македонија, автобусот бил поставен да оди на релација Струга- Виена- Струга, преку Унгарија.
Марихуаната со ваков квалитет во големопродажба на нарко пазарите во Европа би достигнала цена во износ од околу 300 илјади евра, додека кога би се продавала на мало, би можела да достигне цена и од 1 милион евра.
Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен истражен судија.
Царинската управа презема интензивни натамошни мерки и активности за разоткривање на други лица кои би можеле да бидат инволвирани во случајот.
Ова е втор случај на инвентивно сокривање на марихуана откриен на Табановце во последниве 15 дена, по неодамнешното откривање на 15 кг марихуана сокриени во плинска боца, во специјално направен сад од метал, кој бил херметички затворен и вметнат во резервоарот на возилото. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.