Црна хроника
Чачак: Се убил оти не можел да ја наплати отштета за убиениот син
Томислав Васовиќ од Чачак, кој со сопругата протестирал пред судот барајќи отштета за убиениот син се обесил во неделата, бидејќи не можел да ја наплати отштетата .
Сопругата Руменка за агенцијата Бета изјавила дека нејзиниот маж се убил во неделата вечерта во изнајмен стан во којшто живееле со син, снаата и тројца внуци, а никој од нив не бил вработен.
„Не можеше веќе да ја издржи ни тагата, ни сиромаштијата, ни неправдата. Два дена протестиравме пред судот барајќи да ни се исплати отштетата за синот, бидејќи нашето седумчлено семејство нема од што да живее. Требаше да го продолжиме протестот и денеска, но мојот сопруг веќе го нема“ изјавила Руменка.
Руменка и Томислав, чиј син Далибор е убиен во 2001 година, простираа на 24 и 25 јануари пред Основниот суд во Чачак, бидејќи судот не им ја исплатил отштетата која им била ветена за време на првиот протест пред три месеци.
Нивниот син го убил Драган Крџиќ од Чачак, кој судот, по повеќе години судење, го прогласил за виновен и го осудил на четири години затвор и да им исплати отштета на семејството од 1,5 милиони динари.
Крџиќ ја отслужил затворската казна, но не ја исплатил отштетата.
Васовиќ протестирале со глад пред Основниот суд во Чачак пет дена на почетокот на ноември, 2012 година, а штрајкот го прекинале по ветувањето од надлежните во судот дека отштетата ќе биде наплатена./крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.