Црна хроника
Котелот за парното можна причина за пожарот на Копанки
Дефект на котелот за парното греење е можна причина за пожарот којшто избувна и го пеплоса планинарскиот дом Копанки на Пелистер, велат од СВР Битола.
Според нивните првични информации котелот за парното во Домот го усвитил оџакот, а тој ги зафатил пак гредите. Истрагата е се уште во тек и се утврдуваат точните причини за пожарот.
„Дојавата за пожарот во противпожарната служба во Битола е примена во 24 часот. Кон Домот се упатија седум пожарникари со три возила. Но, бидејќи патот до таму е непристапен, кога стигнавме веќе пламенот зел замав, па немаше можност за интервенција“, вели командирот на противпожарната служба на Битола, за „Макфакс“.
Опремата за гасење, до местото на пожарот била носена со ратрак, поради непристапност на теренот.
Планинарскиот дом кој нудеше 16 соби за сместување е изгорен до темел, а материјалната штета дополнителни ќе се утврдува.
Според битолските медиуми, во неделата вечерта биле организирани неколку зимски манифестации околу домот, а сега остануваат без една од омилените дестинации за зимски спортови и уживање./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.