Црна хроника
Незадоволна од ЕВН ја запалила селската трафостаница
Велешката полиција поднесе кривична пријава против 46-годишната М.П. од Башино село, осомничена за предизвикување општа опасност.
Пријавената на 28-ми јануари, незадоволна и револтирана од нерешениот спор со ЕВН, купила едно литро бензин и го попрскала ѕидот на трафостаницата лоцирана во селото, по што со запалка предизвикала пожар.
По кратко време пожарот бил локализиран без да предизвика оштетувања на трафостаницата.
Инаку, и во изминатите години како резултат на овој спор со ЕВН, каде наводно и биле натпишани повеќе киловат часови, пријавената во два наврати има предизвикано оштетување на јавните инсталации на ЕВН, за што и досега е пријавувана. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.