Црна хроника
Се обидел да шверцува два килограми марихуана скриени во перница
Царинските службеници од граничниот премин „Табановце“, спречија нов инвентивен обид за шверц на два килограми марихуана пронајдени во внатрешноста на перница за спиење, ставена во торба.
Во втоникот околу 11.15 часот, за излез од Македонија на граничниот премин „Табановце“ се пријавил автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на линија Охрид-Хамбург-Охрид, а пред започнување на царинскиот преглед, возачите на автобусот им посочиле на цариниците да обрнат внимание на една спортска торба (ранец), сместена во багажниот простор.
Возачите споменале дека сопственикот на торбата, иако ја сместил во багажниот простор, не се качил во автобусот.
Тие забележале дека сопственикот на торбата не е во автобусот кога ја направиле последната проверка, споредувајќи го бројот на патниците присутни во автобусот со бројот на патниците наведен во списокот на патници.
При преглед на внатрешниот дел на торбата сопственост на осомничениот А.Ј., царинските службеници пронајдоа перница за спиење наполнета со синтетички памук, на која забележале рачно сошиен раб. По расшивање на работ и отстранување на дел од синтетичкиот памук, пронајдена е најлонска кеса со две пакувања со тежина од по 1 килограм опојна дрога марихуана.
Марихуаната заедно со торбицата беа предадени на инспектори од Одделението за истраги заради превземање на понатамошни предистажни дејстивја.
Од спроведената предистражна постапка, собрани се материјални и вербални докази кои укажуваат дека осомничениот со иницијали А.Ј. откако ја набавил марихуаната ја сокрил во перница за спиење и истата ја сместил во ранец, а потоа се упатил кон автобуската станица во Скопје, каде го чекал автобусот од Охрид преку Скопје за Хамбург, Германија.
Осомничениот на автобуската станица бил забележан од страна на четири лица кои го чекале истиот автобус. Откако пристигнал автобусот, осомничениот го дал ранецот заедно со неговиот пасош на лице задолжено за товарање на багажот во автобусот, кој во листата за багаж го впишал името и презимето и бројот на патната исправа на осомничениот, а ранецот го сместил во долниот дел од автобусот наменет за багаж.
Осомничениот го искористил присуството на голем број патници и не се качил во автобусот и заминал во непознат правец и избегал.
Во координација со дежурниот истражен судија, издадени се наредби за вршење на претрес на две локации во Скопје каде се претпоставува дека се крие осомничениот. По завршувањето на претресот се утврди дека осомничениот последен пат од неговите најблиски е виден во вторникот во 20 часот.Марихуаната требало да заврши на германскиот нарко пазар.Осомничениот им е добро познат на органите за прогон и против него претходно се поднесени повеќе кривични пријави за разбојништва и кражби.Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а органите на прогон ќе продолжат со потрагата за пронаогање на осмничениот со цел да биде изведен пред лицето на правдата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.