Црна хроника
Место в затвор ограбил 20 куќи
Полицијата го приведе Е.С.(23) од Скопје, кој извршил 20 кражби во куќи, иако бил осуден на една година затвор и требало да биде на издржување ма казната, соопшти полицијата.
Од досега преземените мерки и извршен разговор со него е констатирано дека, од септември минатата година, до сега тој е сторил на дваесет тешки кражби во куќи, лоцирани во Шуто Оризари, село Бардовци и село Визбегово.
Тешките кражби ги вршел на тој начин што со помош на тврд погоден предмет ги отварал прозорите и влезните врати од куќите и потоа крадел техничка роба (телевизори, лап топи дигитални апарати, мобилни телефони, музички системи и др. ), кои потоа ги продавал на лица од Шуто Оризари и од село Визбегово за многу пониска цена од куповната.
Парите ги употребил за набавка на наркотични средства.
Врз основа на судска наредба при извршен претрес во куќа во Шуто Оризари, се пронајдени дел од украдените предмети, а во тек се мерки и активности за пронаоѓање и на останатите предмети кои потекнуваат од тешки кражби во куќи.
Воедно бидејќи постојат сознанија дека истиот е можен сторител и на други вакви дела во тек се активности за нивно расчистување и документирање по што против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Бидејќи Е.С. има пресуда за издржување казна затвор од една година за претходно извршени кривични дела тешки кражби, е спроведен во КПУ Затвор – Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.