Црна хроника
Седум туристки од Шпанија силувани во Акапулко
Трагично заврши одморот за седум туристки од Шпанија во светски познатото монденско мексиканско летувалиште Акапулко, откако ноќта кон понеделникот биле силувани од засега неидентификувани напаѓачи, соопштија во вторникот локалните власти.
Според локалните медиуми, девојките отседнале во еден од малите приватни хотели во засебни бунгалови. Во текот на ноќта во бунгаловите влегле вооружени луѓе и ги силувале туристките.
Нападнатите се згрижени во специјалната служба за сексуални деликти, а помош им дава и министерството за туризам на мексиканската сојузна држава Гереро, додека властите интензивно трагаат по злосторниците.
Властите се заинтересирани за брзо расветлување на случајот и откривање на престапниците, стравувајќи дека инцидентот може силно да му наштети на имиџот на Акапулко како туристичка дестинација чиешто население од оваа дејност ги остварува речиси сите приходи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.