Црна хроника
Одложено судењето за „Армиски тенкови“- еден од обвинетите во болница
Судењето за случајот „Армиски тенкови“, во којшто му се суди на поранешниот премиер Владо Бучковски е одложено.
Еден од обвинетите, раководителот на Секторот за логистика, Нелко Менкиновски не дојде на судењето бидејќи, како што рече неговата адвокатка, бил во болница.
Судијката, Дијана Груевска – Илиевска го одложи судењето за на 15 февруари.
Во случајот покрај Бучковски, обвинети се и поранешниот началник на Генералштабот, Методија Стамболиски, екс логистичарот, Нелко Менкиновски, директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски и поренешниот државен советник во Министерството за одбрана, Ацо Ѓурчиновски.
Поранешните први луѓе на одбраната се осомничени за злоупотреби при набавка на тенковски делови вредни повеќе од два милиона евра со набавка на четирипати повеќе од потребните резервни делови за тенковите.
Предметот беше вратен на повторно судење откако апелациониот суд ја укина пресудата на Кривичниот суд, според која на Бучковски му беше одредена затворска казна.
Судијката Груевска- Илиевска иако беше унапредна во одделот за организиран криминал, а на Бучковски му се суди во одделот за судење полнолетни лица за кривични дела, сепак останува во овој предмет./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.