Црна хроника
Два килограма марихуана запленета на Табановце
Два килограма марихуана заплени царината во средата на граничниот премин Табановце.
Дрогата била пронајдена во резервното тркало на бугарски автомобил „опел омега“, управуван од бугарски државјанин со иницијали В.С.
Гумата била исечена и во нејзината внатрешност се пронајдени две пакувања облепени со кафена самолеплива лента полни со зеленкасто кафеава материја од растително потекло.
Осомничениот и пакувањата беа предадени на инспектори од Одделението за истраги заради превземање на понатамошни предистажни дејства.
Во текот на службениот разговор утврдено е дека осомичениот ја транспортирал дрогата од Грција, а крајната дестинација била Германија, каде истиот работи во градежна фирма, чиј сопственик е косовски државјанин.
По извршеното вештачење на растителната материја потврдено е дека се работи за марихуана која се добива со сушење, дробење, ситнење на врвни делови-вршунки од растението Cannabis со вкупна нето маса од 1985 грама.
Ова е петти случај на откриен шверц на марихуана од почетокот на годината. Вкупната количина на запленета марихиуана во текот на јануари и овие неколку дена од февруари изнесува скоро половина тон. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.