Црна хроника
Во Венецуела запленети над тон кокаин
Повеќе од еден тон кокаин запленија венецуелските власти во полициска операција во сојузната државата Апуре, кога во саботата по локално време би откриен авион со кој требало да биде транспортирана дрогата, јавија локалните медиуми.
Како што изјавил венецуелскиот министер за внатрешни работи Нестор Реверол, мал авион со непријавен лет бил откриен од противвоздушната одбрана во близина на границата со Колумбија.
Во внатрешноста на авионот, чиј идентификациски број како што покажала истрагата бил фалсификуван, било откриено големото количество од повеќе од тон кокаин. Венецуелските органи на прогонот веруваат дека овој нелегален товар бил пренесен од Колумбија, преку Венецуела за негово натамошно транспортирање во САД.
Според министерот за внатрешни работи, полицијата ја претражува областа околу местото на откривање на воздухопловот со цел да ги открие лицата вклучени во трговијата со дрога. При откривањето на авионот, осомничените пружиле отпор и од местото на слетувањето избегале со неколку автомобили.
Во текот на минатата 2012 година властите во Венецуела запленија повеќе од 45 тони различни видови дроги, од кои 27 тони отпаѓаат на кокаин./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.